Македонскиот кајакар, велешанецот Александар Златанов се пласираше во финалето на Европското првенство во кајак спуст за сениори кое се одржува на Матка.
Содржината продолжува под рекламата
Во денешната полуфинална трка, во дисциплината К1, тој го освои 10 место, со што утре ќе има можност да се вмеша во битката за медали. По првата трка, Златаров беше 30, со заостанување од 2,87 секунди зад водечкиот. Сепак во втората трка, тој го поправи својот пласман и возеше речиси 1,5 секунди побрзо, доволно да го фати последниот воз за финале.
Содржината продолжува под рекламата
Останатите македонски кајакари кои настапија денес не успеаја да се пласираат во финале. Во истата дисциплина во која возеше Златаров, Љубомир Спасиќ беше 29, Кристијан Лазаров 33, а Благој Гугинов го освои 39 место.
Европското првенство завршува утре кога ќе бидат познати новите европски прваци. Досега, Македонија се како одличен организатор на оваа голема спортска манифестација.
Можеби ќе ве интересира: