Во земјава ќе преовладува претпладне сончево време со мала до умерена облачност, a од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со изолирана појава на град.
Минималните температури ќе бидат во интервал од осум до 15, а максималните ќе достигнат од 20 до 27 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Можеби ќе ве интересира: