Велешани продавале празни ЦД-а за учење странски јазици

prazni-cd-i-dvd

Единицата за внатрешни работи Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30) и Д.В.(36), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл.378 од Кривичниот законик.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Имено, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници во полициска станица извршиле службен разговор со пријавените, при што било констатирано дека двајцата, претставувајќи се во име на правно лице – училиште за странски јазици од Скопје, преку онлајн продажба нуделе и продавале материјали (ЦД-а) за учење на странски јазици кои биле празни, односно без содржина, при што оштетиле поголем број на граѓани, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: