Реклама

Тешка сообраќајна несреќа, загина 62-годишен велешанец

Soobrakajka

Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница. Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито

Zito akcija 640x289px

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште. Портапролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во изјава за МИА потврдила дека сообраќајната несреќа се случила околу 13.00 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски таблички.

Agria

На лице место починал 62-годишен возач од Велес кој управувал со пикап-возило со скопски регистерски таблички.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА изјавил дека биле повикани во 13.30 часот и учествувале во извлекување на повредени во камионот со беровски регистерски таблички, а во него имало возач и сопатник.

Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница. Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито.

Портпаролот на СВР-Штип, Панајотова, информира дека увидот од страна на полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин. Полициски службеници го пренасочуваат по стариот регионален пат.

Извор на веста: Libertas

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38737/bronzen-medal-za-todor-sutinov-na-balkanskoto-karate-prvenstvo-za-decza-vo-bar/