Отворен ден во археолошкиот локалитет Стоби

stobi
stobi

Во рамки на проектот „Еуropov platino Stobi, европскто минато и иднина, културни вредности“ денеска во археолошкиот локалитет Стоби се одржа Отворен ден, на кој присутни беа учесници во проектот од земјава и соседна Грција, како и ученици од Велес, Градско, Росоман и Кавадарци.

Zito akcija 640x289px

Како што информира за МИА, Марија Џунова портпарол на Националната установа Стоби, во тие рамки денеска за посетителите беше прикажана Демонстрација на изработка на мозаик од страна на конзерваторот на мозаици Томе Филов од НУ Стоби.

Agria

Посетителите имаа можност низ Стоби да ги води стручно лице археологот Димитар Николовски, кој подетално ги запозна со досегашните и најнови истражување во археолошкиот локалитет Стоби. Во рамки на програмата се одржа и јавна дискусија за културното наследство на која учествуваа соработници во проектот македонски стручни лица и од соседна Грција.

„Целта на денешниот Отворен ден во Стоби беше да се презентира проектот,воедно и да промовира културното наследство во Стоби“, потенцира Џунова.

Инаку, проектот е поддржан од Европската Комисија преку тело за управување и развој на ИПА прекуграничната програма меѓу двете земји. Проектот го реализира Национапната институција за управување со археолошкиот локалитте Стоби-Градско,CISS Cooperazione Regional Develpment Foyt of Central Macedonia-Region of Central Macedonia i Ephorate of Antiqes of Kilkis.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: