Силно невреме со пороен дожд и грмежи синоќа ги зафати Кавадарци и околината. Очевидци велат дека за кусо време, улиците на градот се претворија во поројни реки кои носат камења, дрва и секаков отпад.
Содржината продолжува под рекламата
Градоначалникот на општината, Митко Јанчев, синоќа информираше дека општинските екипи излегле на терен за да ги расчистуваат последиците од невремето.
Содржината продолжува под рекламата
„Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони“, објави Јанчев.
Можеби ќе ве интересира: