Иако Велес нема женски кошаркарски клуб, од Велес доаѓа најдобрата млада кошаркарка на Македонија. Велешанката Марија Николов член на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, е прогласена за најкорисен играч на финалниот турнир во М18 лига-жени.
Содржината продолжува под рекламата
Таа оваа награда ја заслужи по нејзините одлични партии, како во полуфиналето против Бадел 1862, така и во финалниот меч против ривалот од Крива Паланка.
Содржината продолжува под рекламата
Во финалниот натпревар против Крива Паланка, Николов реализираше 28.поени (2/8 за три, 8/16 за два и 6/10 за еден поен), додаде и шест асистенции, пет скока, три освоени и четири загубени топки за 37:34 минути поминати во игра. Односно 22.индексни поени, најдобар индивидуален ефект и во финалето.
Инаку Николов оваа сезона како член на Баскет Кам од Македонска Каменица ги освои двете титули, и во М18 лигата како и во сениорска конкуренција.
Можеби ќе ве интересира: