Нови изданија на македонскиот стрип центар – Велес

Како дел од годишната програма на Министерството за култура на Македонија –во областа на литературата и издавачка дејност Стрип центар на Македонија-Велес ги публикуваше стрип книгите „Мечкин камен  –Карпош “ од Миле Топуз, „Кико и Веки и вселенските гусари“-Јордан Манасиевски, „Македонски стрип алманах 2023“ –Група на автори.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Според Томе Трајков-програм координатор, се работи за изданија од различен по себе жанр жанр и различни генерации на автори.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Пред се Миле Топуз којшто е еден од најплодните македонски стрип илустратори,продолжува со обработка на тема од македонската историја. Имено , мегу другото тој досега има публикувано и стрипови за : Хацон, крал Пребонд, цар Самоил, Климент Охридски, Гаврил Радомир, Ѓорѓи Војтех и други. За својата долгогодишна дејност во областа на стрипот, тој е добитник на признанието за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ доделено од Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес.

Јордан Манасиевски пак е ликовен уметник од Охрид  со светско реноме кој преку своите уметнички дела ги афирмира охридските и македонски вредности пред Светот. Во оваа стрип книга е вметнат само дел од опусот со споменатите јунаци коишто ги обработува уште од 1981 г

И на крај , стрип книгата МАКЕДОНСКИ СТРИП АЛМАНАХ 2023 –Група на автори е резултат на повекегодишното издание -континуитет на идејата на стрип центарот за афирмирање на  претежно млади , македонски стрип автори.

Во овогодинешниот СТРИП АЛМАНАХ  се претставуваат : Васко Гаврилов, Ѓургица Варела , Јана Бутеска, Ана Марија Стефаноска, Мартина Величковска, Оливер Цветковски, Тоде Блажевски. Сибел Исмаилова,Илко Стојановски, Ване Трајков и (како гостин)  Исток Ситар од Словенија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38868/veleshanecz-kradel-od-avtomobil-policzijata-go-fati-i-go-vrati-ukradenoto-na-sopstvenikot/