Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна незгода во Велес

Вчера во попладневните часови во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Андон Шурков” во близина на фабриката Брако во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.С.(28) од Велес и мопед „априлија” со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Велес, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38889/apel-na-svr-veles-do-motocziklistite/