Затворена за сообраќај делницата Велес – Градско поради асфалтирање

Gradsko-Veles

Поради асфалтирање денеска од 8 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, излез на Градско кон Неготино, информира АМСМ.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38895/pretpladne-sonchevo-so-umerena-oblachnost-popladne-nestabilno/