ЛШ финале: Кој ќе биде новиот шампион на Европа, Сити или Интер?

city vs inter

Европските великани Манчестер Сити и Интер вечерва (21:00 часот) на стадионот Ататурк во Истанбул ќе го играат финалето во Лигата на шампионите. Улогата на фаворит на обложувалниците ја има екипата на тренерот Пеп Гвардиола.

Zito akcija 640x289px

Англискиот тим подобро котира поради подобриот ростер на играчи, а на патот до финалето беше убедлив против некои од поранешните европски шампиони и актуелни европски гиганти. На пример во осминафиналето го елиминира Лајпциг со вкупни 8:1, во четвртфиналето Баерн со 4:1, а во полуфиналето со 5:1 бранителот на евро-титулата и рекордерот Реал Мадрид.

Agria

Од друга страна, италијанскиот тим под раководство на Симоне Инзаги има помали шанси за триумф. Интер по 13 години се врати во финале на ЛШ и може да дојде до четвртата титула во елитното европско клупско натпреварување.


Инаку, Гвардиола како тренер на Барселона ја освои ЛШ во 2009 и 2011 година, а во Истанбул ќе ја брка третата победа. Пред него Карло Анчелоти има четири, Боб Пејсли и Зинедин Зидан имаат по три.

Гвардиола може да стане и шестиот тренер кој ја освоил ЛШ со различни клубови. До сега тоа успеаја Анчелоти, Ернст Хапел, Јуп Хејнкес, Отмар Хицфелд и Жозе Мурињо.
Ова е прв официјален меѓусебен дуел меѓу Сити и Интер. Досега тие се среќаваа во неколку пријателски средби.

Што се однесува до здравствениот билтен, кај Сити проблеми прави Кајл Вокер. Тој има повреда на грбот и е неизвесен за настап. Кај Интер неизвесни се Мхитарјан и Жоакин Кореа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: