Заматена е водата за пиење во градскиот вововод во Кавадарци поради обилните дождови на изворите Лукар, информираат од кавадаречкото јавно претпријатие ,,Комуналец”. Оттаму нагласуваат дека водата за пиење, потребно е да се преврива пред консумирање.
Содржината продолжува под рекламата
„Ние ќе ја следиме состојбата и ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата“, додаваат од комуналното претпријатие.
Содржината продолжува под рекламата
Синоќа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев потсетија дека два дена Тиквешијата беше зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец од 145 литри на метар квадратен, што предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново.
„Се апелира до населението да не се движи во близина на речното корито во тој предел, бидејќи водостојот на реката е се уште голем и водата од земјоделските површини не е повлечена“, известија од кабинетот на Јанчев.
Можеби ќе ве интересира: