(ФОТО) ЦУК: Поради наноси од земја во прекин сообраќајот на некои патни правци

iskrsen pat
iskrsen pat

Од настанатите поплави на 14.06.2003 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Содржината продолжува под рекламата

Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот, информира АМСМ.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од ЦУК информираат дека патот Извор-Прилеп е во прекин поради наноси од земја. За ова се известени ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и истите известуваат дека од понеделник ќе излезат на терен за санирање на патот.

Исто така, на локалниот патен правец кон селата Иванчишта и Ехлоец – Кичево има лизгање на земјиште, каде патот е прооден. За ова се известени ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и истите се излезени на терен за санирање на патот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: