Приведени две лица од Велес кај кои е пронајдена марихуана и една физичка пресметка се најде во денешниот билтен на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
„На 21.06.2023 во Полициската станица во Велес, Д.П (23) од Велес пријавил дека бил физички нападнат од А.Т.. Се работи на расчистување на случајот“.
Содржината продолжува под рекламата
„На 21.06.2023, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Ј.(27) и Г.М.(30), двајцата од Велес, за тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок“ соопштија од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: