Реклама

Семејствата им оддаваат почит на загинатите во подморницата „Титан“

Семејството на британскиот милијардер Хамиш Хардинг, авантуристот кој загина во подморницата „Титан“ со уште четворица патници, му оддадоа почит на својот „посветен татко“.

Zito akcija 640x289px

Пет патници загинаа во имплозијата на подморницата за време на патувањето до потонатиот брод Титаник – милијардерот Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, францускиот океанограф и експерт за Титаник Пол-Хенри Наргеолет и Стоктон Раш, основач на компанијата „Океангејт“.

Agria

Семејството на Хардинг во соопштение наведува дека тој е „страствен истражувач, без разлика на теренот, кој живеел за своето семејство, својата работа и за следната авантура“.

Семејството на Хардинг во соопштение наведува дека тој е „страствен истражувач, без разлика на теренот, кој живеел за своето семејство, својата работа и за следната авантура“.

Неговата смрт остави „празнина во нашите животи која никогаш не може да се пополни“, објави неговото семејство, додавајќи дека се „обединети во тагата“ со семејствата на другите жртви.

„Со тешко срце и голема тага жалиме за загубата на нашиот потпретседател Шахзада Давуд и неговиот сакан син Сулеман Давуд“, се вели во соопштението на Енгро Корпорејшн“, пакистански конгломерат.

Можеби ќе ве интересира: