Бесими уверува дека нема да се затворат границите

granica naslovna

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека нема официјална најава за генерален штрајк на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП). Тој смета дека ниту УЈП, ниту царинските службеници немаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати.

Zito akcija 640x289px

„Во однос на исплата на плата и во однос на затворање граници, тоа не може да се случи. Има закон за регулирање на права како се регулира процедура на штрајк. Не е ниту намера на УЈП ниту на Царина да затвораат граници или да не пуштаат плата. Нема ништо официјално за тоа, има закон за штрајк и како тоа се регулира, таму јасно стои дека синдикат и работодавач заедно утврдуваат како ќе се штрајкува“, рече Бесими.

Agria

Министерството за финансии, повтори Бесими, има разбирање за барањата на УЈП и Царинската управа, но тие, напомена, треба да бидат во рамките на законските прописи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39209/pendarovski-ke-odlikuva-istaknati-sportisti-so-medal-za-zaslugi/