Реклама

Евгениј Пригожин заедно со своите борци го напуштил штабот во Ростов

Шефот на руската паравоена организација Вагнер, Евгениј Пригожин заедно со своите борци го напуштил штабот на Јужниот воен округ во Ростов, пренесува српскиот Б.92.

Zito akcija 640x289px

Како што е најавено, властите ќе ги отфрлат сите обвиненија против него и неговите борци.

Agria

Улиците во центарот на Ростов на Дон повторно беа отворени за сообраќај откако Вагнер почна да ги повлекува борците кои ја презедоа контролата врз воените објекти во градот.

Во саботата вечерта, по интервенцијата на белорускиот лидер Александар Лукашенко, Пригожин објави дека неговата паравоена група го прекинува бунтот против руската влада за да избегне крвопролевање и дека ќе се врати на фронтот во Украина.

Како што јави синоќа чеченската државна телевизија „Грозни“, три илјади чеченски војници биле на позиции во Москва за да ја бранат руската престолнина од бунтовниците од Вагнер.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39224/zemjotres-ja-potrese-hrvatska/