Триесет и шестгодишен велешанец бил физички нападнат со остар предмет во кумановската населба Бедиње.
Содржината продолжува под рекламата
„На 24.06.2023 во 00.20 часот во СВР Куманово, В.Т.(36) од Велес пријавил дека во населба Бедиње во Куманово бил нападнат со остар предмет М.С.(67) од Куманово“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Содржината продолжува под рекламата
Како што појаснуваат од полицијата, полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека двајцата го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, по што им биле поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира: