Со ДНК-анализа останките на Панко Брашнаров може брзо да се идентификуваат, смета Владимир Тевчев, еден од пронаоѓачите на гробот

Преку ДНК-анализа посмртните останки на Панко Брашнаров може брзо да се идентифукуваат по што би започнала процедура за нивното враќање во Македонија, смета Владимир Тевчев, кој беше дел од тимот кој за првпат откри каде почива овој македонски револуционер. Овој тим во септември 2011 година утврди дека останките на Брашнаров се наоѓаат во една заедничка гробница на гробиштата Мирогој, во Загреб, Република Хрватска.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Претходно, нивното истражување покажало дека откако починал на 13-ти јули 1951 година на Голи Оток, Брашнаров две години почивал на озлогласениот остров, а потоа во 1953 година неговите останки биле префрлени на Мирогој.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Посмртните останки на многу затвореници биле префрлувани од Голи Оток по разни локации на копното. Ние најдовме записи во хрватскито Архив дека останките на Брашнаров се погребани на Мирогој. Но, и таму се префрлувани на други локации како што се ширеле гробоштата. На крајот, утврдивме дека се ставени во една заедничка гробница, со останките и на други починати лица за кои не знаеме кои личности се. Таа локација е на крајот на гробиштата, во близина на крематориумот. Ни рекоа дека во таа гробница нема многу останки, вели Тевчев“.

Во новинарскиот тим уште беа и Александар Кукулев и Данчо Стефков. Тевчев додава дека е извесно дека останките на починатите не биле мешани и дека процесот на идентификацијата не би требало да биде многу тежок.

„Основно е да се земат узорците на ДНК од коските и од роднините на Брашнаров. Внуката од Брашнаров, ќерката од неговиот брат, е подготвена да даде примерок. Така, лесно може да се утврди кои се коските на Панко Брашнаров“, наведува Тевчев.

Досега, во изминативе 12 години многупати се иницирало да се изврши идентификација на останките на Брашнаров но тоа никогаш не се случи. Кои се причините не се знае. Сега останува да се види каква постапка ќе поведе Општина Велес откако нејзиниот Совет вчера донесе одлука да се започне иницијатива за враќање на моштите на македонскиот револуционер и народниот учител.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39496/zhitelite-na-selo-milino-na-protest-poradi-unishteniot-pat-od-teshki-kamioni-koi-go-prevezuvaat-ozhneanoto-zhito/