На Светското првенство за јуниори и млади сениори до 23 години кое се одржува во Чешка, учество земаа четири македонски кајакари по двајца од ККК.Арка-Борец Велес и Илинден 90 Скопје.
Содржината продолжува под рекламата
По завршување на првите настапи во класичните натпревари македонските кајакари успеаа да се пласираат на 32 место Кристијан Лазаров , Благој Гугинов на 42 место, Андреј Арсовски на 54 место и Матеј Василев кој не успеа да ја заврши трката.
Содржината продолжува под рекламата
Во тимскиот настап Лазаров, Гугинов и Арсовски успеаа да се пласираат на 12 место.
Во склоп на овој натпревар се одржа и Интернационален отворен натпревар во класик каде што учество зема Љубомир Спасиќ и успеа да се пласира на трето место со заостанување од 22,64 секунди зад победникот Мерсеманс од Белгија. Утре претстојат настапите во спринт каде што очекуваме подобар пласман за македонскиот тим.
Можеби ќе ве интересира: