Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица и Табановце каде задржувањето е околу 1 час.