Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. UV=10.
Содржината продолжува под рекламата
Во следните денови времето ќе се задржи многу топло, со високи температури. Утринските температури на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Содржината продолжува под рекламата
Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
Можеби ќе ве интересира: