(ВИДЕО) Повторно невреме во Хрватска

nevreme zagreb

Нови бури се најавени по разорното невреме, кое во средата попладне ја зафати Хрватска и однесе четири животи.

Zito akcija 640x289px

Како што може да се види на неколку метеоролошки локалитети, кои ги следат моментните временски услови, во Хрватска во моментот доаѓа ново невреме од Словенија.

Agria

Еден од неколкуте фронтови, кои доаѓаат од Словенија, веќе пристигна над Загреб. Се движеше од правец на Нов Загреб и моментно е над Самоборските Планини и поголемиот дел од Загреб. Од приближно таа насока дојде силно невреме во средата попладне, известуваат хрватските медиуми.

Во Загреб околу 9.15 часот почна да грми, а набргу почна да врне. Нешто пред 9.30 часот громовите за кратко време се засилија, а потоа престанаа. Но, тогаш почна да врне посилен дожд, пренесуваат тамошните медиуми.

Вториот фронт пристигна од Словенија во месноста Горски Котар, поточно Делнице и Врбовски, и се движи кон Огулин.

Третиот фронт се движи од словенечка Постојна кон хрватската граница.

Управата за цивилна заштита издаде предупредување нешто пред 9.30 часот.

„Невреме со грмотевици од Горски Котар се движи во правец на Карловац и Загреб. Од 9 до 10 часот во тоа подрачје треба да се очекуваат обилни врнежи од дожд, молњи и преоден силен ветер, а во помала мера и град“, соопшти Цивилната заштита.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39931/ojo-veles-otvori-istraga-za-ubistvoto-vo-vleshkoto-selo-vinichani/