La Familia со пригодна забава го прослави својот 5-ти роденден

Синџирот на специјализирани продавници кои имаат тематски конципирано ентериерно
уредување, замислено како потсетување на триесеттите години на минатиот век поддржана со
висока технологија изминатите години успешно ја изгради и сѐ уште ја гради силната позиција
на нашиот пазар како една од најуспешните компании за продажба на светски брендови на
алкохолни, безалкохолни пијалаци, прехранбени производи, непрехранбени производи како и
изработка на уникатни подароци.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Денес La Familia претставува компанија која е синоним за успех, втемелувајќи ги
фамилијарните вредности кои секојдневно придонесуваат за успехот на компанијата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Изминативе пет години континуирано вложувавме во иновативниот пристап на оперативно
работење, што придонесе за раст, развој и успех на нашата компанија. Нашата мисија е на
потрошувачите да им овозможиме врвно шопинг искуство нудејќи им голем избор на светски
брендови на алкохолни, безалкохолни пијалаци, прехранбени производи, непрехранбени
производи, книги, свежо цвеќе, како и изработка на уникатни подароци“, велат одговорните од
La Familia.

Синџирот кој брои 4 продавници, неуморно ќе продолжи да ја шири својата мрежа додаваат
од компанијата појаснувајќи дека единствената цел е да ја направат подостапна најдобрата
понуда на светски брендови на македонскиот пазар.

Првата продавница на La Familia беше отворена во јули 2018 година во Велес, втората се
отвори две години подоцна во центарот на Скопје (во непосредна близина на Универзалната
сала), по неа следуваше третата специјална продавница која е лоцирана во трговскиот центар
„East Gate Mall“, а четвртата е стационирана во Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40057/foto-odbelezhana-74-godishninata-od-zaginuvaneto-na-borczite-od-egejska-makedonija/