Локалната библиотека преку проект го зголеми фондот на книги во роднокрајниот оддел

Библиотеката со поддршка на Министерството за култура го реализираше проектот за набавка на дела од роднокрајни автори, објавени во 2023 година. Беа набaвени книгите од роднокрајните автори Атанас Крлевски, Александра Велинова, Ѓорѓи Малковски, Наташа Богоевска Брезовска, Александра Велинова, Сања Стојанова и Васил Тоциновски.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Овој Оддел бележи децениско постоење, вбројувајќи автори со своите дела, како и објавени прилози и статии поврзани со градот или од роднокрајни автори. Како што го следи културното развивање на градот, така го следи и трендот на дигитализација. Па така библиотекарката Јадранка Мајсторова, која е заслужна за развојот за овој Оддел , му дава современа димензија внесувајќи во Cobiss апликацијата околу осумстотини наслови од роднокрајни автори. Со самото внесување во Aзбучниот каталог и УДК класификацијата ги популаризира авторите и делата не само надвор од градот, туку и надвор од државата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Поддршката од Министерството за култура е во висина од 20 илјади денари.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40088/sonchevo-so-temperaturi-do-33-stepeni/