Реклама

(ВИДЕО) Биогасна електрана најстабилен производител на електрична енергија

biogasna centrala Saramzalino

Биогасната електрана е најстабилен производител на таканаречената чиста и еколошка електрична енергија, бидејќи нејзиното производство не зависи од ветер, сонце или вода туку целосно може да се контролира. 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Првата биогасна електрана со најмодерна технологија започна да работи пред неколку месеци, со инсталирана моќност од два мегавати на час и треба да обезбеди струја за 3.500 домаќинства и е во сопственост на „Био ентерпрајз“ лоцирана во Сарамзалино, општина Лозово.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Биогасната електрана е најголемиот чистач на органски отпад во општеството. Се што е органско и што може да се распадне во биогасната електрана е гориво и нуспроизвод од оваа електрана е елктрична енергија, чист хумус и течност за полевање на полињата како течност за хранливи материи за земјоделието. Биогасната електрана е најдобар пример за циркуларна економија во општеството“, изјави Кочо Анѓушев, косопственик на „Био ентерпрајс“.

„Органскиот отпад што го создава биогасната електрана на долг рок ќе го намали трошењето на минерални ѓубрива, по што самото по себе е органско ѓубриво кое се користи за површините , а со тоа има двоен ефект бидејќи ние сме увозно зависна држава за минерални ѓубрива“ изјави Спасе Спасевски, косопственик на „Био ентерпрајс“.

Целото видео можете да го погледнете тука.

Можеби ќе ве интересира: