Хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај селото Отовица кој избувна денеска околу 13 часот. Во моментот екипи на противпожарната служба од Велес и ЈП „Национални шуми” – Подружница ШС „Бабуна”, Велес се излезени на терен и се справуваат со настанатата ситуација. Истовремено се советуваат жителите на населбата Отовица, да обезбедат противпожарни апарати и лопати за заштита од пожарот и да внимаваат на својата безбедност.
Содржината продолжува под рекламата
Пред точно 4 години голем пожар ја уништи шумата околу езерото Младост, а за влакно беше избегната трагедија од поголеми размери, бидејки пожарникарите и граѓаните спречија огнот да се прошири во селото Отовица.
Содржината продолжува под рекламата
Можеби ќе ве интересира: