Велешанецот Благој Ламјов кој долги години живее и работи во Шведска, денес на својот јутуб канал го промовираше видео спотот за песна “Bye for Now” (Збогум за Сега) од албум “Nostalgic Love”.
Содржината продолжува под рекламата
Ова е прв видео запис од албумот “Nostalgic Love”, и излегува по четири години од издањето на албумот.
Содржината продолжува под рекламата
Спотот е за песната “Bye for Now” (Збогум за Сега) која е десеттата песна во мојот албум “Nostalgic Love”. Не планирав да правам типичен спот затоа што тоа не е мој стил и не се совпаѓа со мојот албум. Затоа е вака минималистички. Не сакав да не дозволам да спотот го превземе просторот и да доминираа пред музиката туку сакав да делува само како еден мал украс во стилот на целиот албум. А што се крие… Па едноставно кажано, видеото е поклон за некого, како што е всушност и целиот мој албум “Nostalgic Love”.
Ти помага ли некој околу облеката?
Околу облеката се консултирам со неколку блиски луѓе. Сигурно веќе сте приметиле дека сакам црно-бела комбинација “зачинета” со рок елементи. Високи Конверс патики сакав уште како дете и до ден денес ме поврзуваат за многу убави спомени. Кријат убави приказни од минатото но и сега, така што и емотивно сум поврзан со овој тип на патики.
Кој работеше на видеото?
Видеото е снимено во Шведска. Идејата за изгледот на спотот е моја а дизајн на светлото е самата видео продукција, Marcus Lundgren Production.
Можеби ќе ве интересира: