Екипата на Бисинов Фрутленд влегува засилено во новата сезона, а за таа цел за клубот потпишаа седум ракометари од кои повеќето се велешани. Амбициите се влез во Суперлигашкото ракометно друштво.
Содржината продолжува под рекламата
Од вчера стартуваше со подготовките за новата сезона во која нови играчи се Славијан Паунов, Никола Манев, Илија Табаков, Филип Сиљанов, Никола Димитров, Александар Стојменов и најголемото засилување Ивица Илиев.
Содржината продолжува под рекламата
Првата лига во новата натпреварувачка сезона 2023/24 најверојатно ќе брои 16 екипи. Покрај Бисинов Фрутленд, тимовите на Младост Богданци, Драчево, се меѓу главните фаворити за високите позиции кои носат место плеј-офот а потоа и во елитната конкуренција.
Можеби ќе ве интересира: