Петмина велешани се помеѓу 13 новозаразени со коронавирус во земјава во последните 24 часа. По тродневното затишје, во само два дена, денеска и вчера, регистрирани се вкупно девет нови случаи, што е повеќе од 40 проценти од вкупните детектирани случаи во последните два дена.
Во меѓувреме, 12 велешани се помеѓу оздравените во последнито деноноќие, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Според информации кои пристигнуваат до нашата редакција од граѓани, најголемиот дел од последните случаи на заразени со коронавирус потекнуваат од кластерот од конфекцијата Ју – Ка.