Во последно време многу се зборува за топлинските пумпи како понова алтернатива за греење. Од фирмата за ладење и греење „Џиви“ од Гевгелија велат дека е најиновативното решение за намалување на потрошувачката на електрична енергија во вашиот дом.
Содржината продолжува под рекламата
Со избор на топлински пумпи воздух-вода добивате греење во зима, а истовремено ладење во лeто. Ја добивате посакуваната температура цели 365 дена и притоа високите сметки за електрична енргија ги оставате во минатото.
Содржината продолжува под рекламата
„Топлотната пумпа е современ уред за греење и ладење на стамбени објекти, како и за загревање на санитарна топла вода. Со тоа се заштедува од три до пет пати во однос на системите за греење и ладење. Односот на топлинска енергија што се одвива, во споредба со електрична енергија потрошена од мрежата е 4:1, што значи 100 проценти топлинска енергија, топлинската пумпа користи 25 проценти електрична енергија за својата работа“, изјави Стефан Петковски од фирма за ладење и греење „Џиви“ Гевгелија.
Целото видео можете да го погледнете тука.
Можеби ќе ве интересира: