Реклама

Реми во првиот подготвителен натпревар за фудбалерите на Превалец

По неколкудневните подготовки фудбалерите на Превалец го одиграа и првиот контролен натпревар од неколкуте кои ги закажаа во пресрет на стартот од Третата фудбалска лига.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На стадионот во велешката населба Превалец, домаќините ремизираа со екипата на Росомон со резултат 2:2. Стрелци на головите за Превалец беа Коцевски Гоце и Крстевски Александар. Тренерите на обете екипи тестираа повеќе тактички замисли, а резултатот беше во втор план.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Следен натпревар во подготвителниот период за Превалец е пријателскиот натпревар против Слога од Виница, кој ќе се одигра во недела на 13 август.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40337/guzhvi-na-granichnite-premini-za-izlez-od-makedonija/