(ФОТО) Велешанецот Јован Јовановски судеше финални натпревари на силни АТП турнири

jole-kicbil-4
jole-kicbil-4

Велешанецот Јован Јовановски како тениски судија изминатите две недели беше активен на тениските терени во Астрија како линиски судија на силни турнири од категоријата АТП 250.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Тој во периодот од 10 до 16 Јули беше линиски судија во Салзбург, на АТП Челинџер Тур 125, а минатата недела на турниот од серијата 250 во австрискиот град Кицбил.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Не само што беше дел од тимот на линиски судии на турнирот ,Јовановски ја имаше честа да биде дел од тимот на линиски судии кои ги судеа големите финални натпревари во Китцбил, каде што во финалниот дуел, аргентинецот Баез го совлада домашниот тенисер Доминик Тим поранешен број 3 на светот и освојувач на УС ОПЕН со резултат 6:3 6:1.

На силниот турнир во Салзбург кој спаѓа во категоријата од квалитетните челинџери во кои учествуваа и дел од играчи од Топ 100 титулата ја освои домашниот тенисер Себастијан Офнер кој е на 53 место на АТП листата, Тој во финалето ја совлада големата австриска тениска надеж,Лукас Нојмајер со резултат 6:3 6:2.

Претходно Јовановски беше активен на тениските терени на Македонија Опен и на Били Џин Кинг Куп кои се одржа во Скопје. Турнирот во Кицбил беше седми турнир за Јовановски оваа година, што е голем успех за него, знаејќи дека тениската сезона сеуште не е завршена.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: