Ќе има фудбал. Бундес лигата продолжува на 15 мај

Нема повеќе дилеми и нови одложувања, по една недела преговори и тестови, Германската фудбалска федерација потврди дека Бундес лигата и Бундес лига 2 продолжуваат на 15 мај.

Zito akcija 640x289px

Ангела Меркел одобри дека по двомесечна пауза може да продолжи првенството во Бундеслигата, а најавено е дека клубовите ќе се договорат со лидерите на ДФЛ за точниот датум кога ќе продолжи сезоната.

Agria

„Оваа одлука е добра вест за Бундеслигата и за втората Бундес лига. Тоа е поврзано со голема одговорност на клубовите и нивните вработени да ги спроведат медицинските и организационите барања на дисциплиниран начин. Натпреварите без гледачи на стадион не се идеално решение за никого. Криза се заканува на самото опостанување на некои клубови, сепак, тоа е единствениот начин да се обезбеди континуирано постоење на лигите во нивната сегашна форма. На овој ден, би сакал да им се заблагодарам на политичките носители на одлуки од сојузните и државните влади за нивната доверба. ” Изјавија од Германската фудбалска федерација