42-годишен велешанец заразен со Конго-кримска хеморагична треска

bolnica veles

Маж на возраст од 42 години од Велес, е лицето заболено конго-кримска хеморагична треска. Во саботата вечерта тој е префрлен од Општа болница Велес на Клиниката за инфективни болести во Скопје веднаш откако неговиот резултат бил позитивен. Пет дена претходо тој пројавил симптовми на болеста, а потоа се јавил во велешката болница на преглед.

Zito akcija 640x289px

Од Институтот за јавно здравје утрово информира дека во доцните вечерни часови на 12 август, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања телефонски бил известен за позитивен резултат на конго-кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Agria

Од Институтот информираат дека почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред прегледот во Општата болница во Велес.

Ова е трет регистриран случај, откако минатиот месец беше откриен кај 27-годишната штипјанка која почина брзо по дијагностицирањето на вирусот.

На болничко лекување е болничарка од Инфективната клиника која прима антивирусна терапија и според последните податоци е во стабилна здравствена состојба.

Во изолација се 11 лица кои имале контакт со заразената болничарка, од нив 10 се од потесното семејство.

Конго-кримската хеморагична треска се пренесува преку убод од заразен крлеж, а може да се пренесе и преку директен контакт со контаминирана крв. Болеста е смртоносна во 40 проценти од случаите и има брза прогресија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40513/video-eko-urbana-mobilnost-vo-opshtinite/