(ВИДЕО И ФОТО) Велешкото трио „Дамар“ ја крена на нозе публиката во Рим

ilija-nastovski-rim-2
ilija-nastovski-rim-2

Велешкото трио „Дамар“ минатата седмица приреди незаборавно уживање за публиката на фестивалот „Concerti del Tempietto“ со својот настап во античкиот театар Марчело, во срцето на Рим. Фестивалот годинава одбележува 35 години од своето постоење.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На репертоарот беа дела од Бах, Вивалди, Пахелбел, Шостакович и Крајслер, а на крајот премиерно беше изведена композицијата „Македонска елегија“ којашто претставува сплет од две велешки и една кавадаречка народна песна, во аранжман на Трајче Малинов и Илија Настовски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Петте пиеси на Шостакович беа посветени на 48-годишнината од неговата смрт. Виолинистите Менка Богоевска и Васил Богоевски во придружба на пијанистот Илија Настовски, според зборовите на многубројната публика, беа споени во длабоко музичко единство од коешто произлезе еден префинет звук како оддек на различните музички епохи.

На концертот присуствуваше претставник од амбасадата на Македонија при Светата столица во Ватикан, господин Борјан Топуковски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: