Две лица од Неготино се уапсени откако нападнале полициски службеници со електрошок. По приведувањето кај нив била пронајдена марихуана.
Содржината продолжува под рекламата
„На 14.08.2023 во 22.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода
С.С.(39) и Ј.П.(41), двајцата од Неготино. При обид да бидат легитимирани на ул.„Косте
Волкановски“ во Неготино, С.С со електрошок ги нападнал полициските службеници и се
обидел да побегне, но бил спречен и лишен од слобода“, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Притоа, кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и пари. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: