Велешанец почина од коронавирус, друг е на респираторна машина

Еден велешанец почина, а еден е во тешка состојба и е приклучен на респираторна машина на Инфективната клиника во Скопје, соопшти градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Zito akcija 640x289px

Тој рече дека во последните 24 часа се регистрирани нови девет случаи на заразени велешани со коронавирус.

Agria

Сепак, според Коцевски, нема место за паника, бидејќи кластерите од кои доаѓаат заразените се знаат. Тој рече дека разговарал со сопственикот на конфекцијата “Ју Ка”, кој му кажал дека фирмата го запрела производството и на работа оделе само мал дел од вработените.

Коцевски апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на ширењето на вирусот.