Реклама

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ зголемена фреквенција на возила

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека на граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 40 минути.

Zito akcija 640x289px

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Agria

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40609/manevski-prevalecz-so-provereni-sili-ke-se-bori-za-dobar-plasman/