понеделник, 15 јули, 2024
Реклама

БРАКО/Грин Машинс потпиша договор со најголемата американска компанија за изнајмување на машини и опрема United Rentals

brAKO

Компанијата ќерка на БРАКО, Грин Машинс и американскиот гигант Јунајтед Ренталс (United Rentals) потпишаа договор за соработка со кој американскиот партнер ќе купува возила од Македонија за потребите на своите клиенти во САД и Канада.

Zito akcija 640x289px

Јунајтед Ренталс во македонските возила препозна можност за на американскиот пазар да нуди висок квалитет кој е на ниво на светските конкурентски компании, но со поповолна цена, како и да ја користи предноста што БРАКО и Грин Машинс произведуваат возила на водород и на струја, како и на класичен погон, кои можат да задоволат различни потреби на клиентите при одржувањето на урбаната јавна хигиена.

Agria

Јунајтед Ренталс е најголемата компанија во САД за изнајмување на машини и опрема, рангирана е на листите Fortune 500 и Forbes2000, котира на берзата во Њујорк и е една од компаниите со најголем раст во последните 25 години.

Грин Машинс веќе има своја фирма во САД, со седиште во Калифорнија, но со договорот со реномираниот Јунајтед Ренталс ќе обезбеди уште побрз пробив на квалитетните македонски возила на пребирливиот американски пазар.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39744/foto-brako-gradi-nov-hala-za-proizvodstvo-na-4400m2-so-investiczija-od-25-milioni-evra/