Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply), во ко-сопственост на групацијата Централ Инвест, на македонскиот стопанственик Кочо Анѓушев и бугарската компанија КЕР Токi, по спроведената кампања во летните месеци, ја зацврсти лидерската позиција на пазарот и останува најголем снабдувач со електрична енергија на приватните фирми во земјата.
Содржината продолжува под рекламата
Само во овие три месеци, РЕС потпиша договори со нови 70 компании и сега снабдува преку 370 стопански субјекти, кои се економскиот двигател на македонското општество и кои преку РЕС ќе трошат околу 600 GWh електрична енергија годишно.
Содржината продолжува под рекламата
РЕС продолжува да креира понуди за снабдување според потребите на клиентите, а како огромна предност клиентите ја истакнуваат можноста снабдувањето да биде од обновливи извори на енергија, со што се заштитува животната средина и се обезбедува одржливост и стабилност во снабдувањето. Ова е особено важно затоа што зелената енергија е значаен чинител за извозно ориентираните фирми, каде на странските пазари како важен фактор се зема изворот на електричната енергија која имала удел во производството, соопштуваат од компанијата Фероинвест.
Можеби ќе ве интересира: