(ВИДЕО+ФОТО) СДСМ: Директорот на велешката гимназијата побарал нова албанска паралелка, градоначалникот Колев и пратеникот Здравковски го криеја документот

pres sdsm Veles za obrazovanie
pres sdsm Veles za obrazovanie

Општинскиот одбор на СДСМ ја обвини локалната власт и градоначалникот на Велес Марко Колев дека прикривале факти и ја замајувале јавноста во врска со случувањата во Гимназијата Кочо Рацин и отворањето две нови паралелки, по една на македонски и на албански јазик. Од СДСМ велат дека на нивните советници во материјалите за последната седница на Советот на Општина Велес првично не им бил доставен документот со кој директорот на гимназијата Илија Попов пред десетина дена барал од Министерството за образование и наука отворање на пет паралелки на македонски и две на албански јазик или по една нова на двата јазици, а потоа локалната власт се обидела да го обвини министерот за образование дека подметнува нови паралелки.

Zito akcija 640x289px
dokument sdsm za baranje od direktor za prosiruvanje na paralelki

„Министерството за образование и наука дава позитивен одговор на барање на директорот на Гимназијата „Кочо Рацин“ за формирање на пет паралелки на македонски и две паралелки на албански јазик. Директорот на гимназијата, господинот Иле Попов пак, е член на ДПМНЕ и дирекно поставен на таа функција од градоначалникот Марко Колев и Игор Здравковски како претседател на ВМРО ДПМНЕ во Велес. Истиот директор пред колективот, родителите, граѓаните заедно со Игор Здравковски и Марко Колев даваат лажна слика, прикриваат факти и ја замајуваат велешката јавност дека во велешката гимназија некој друг, во случајов МОН сака да направи албанизација или насила да прими ученици со помалку поени. Овој документ – барање, кој ќе ви биде доставен, истите актери се обидоа да го прикријат од јавноста и првично не беше приложен во материјалите за седницата на Советот на Општина Велес, но за среќа и во интерес на вистината, документот беше откриен и побаран од страна на советниците на СДСМ“, вели Кирил Гајдов, член на Советот на Општоина Велес од коалицијата предводена од СДСМ. Локалната опозициска коалиција реагира на обраќањето на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Игор Здравковски до министерот за образование на фејсбук, во кое го обовинува дека го нарушувал имиџот на гимназијата и дека МОН го силувал образовниот процес во велешката гимназија со отварање нови паралелки.

Agria

„Пратеникот од ДПМНЕ Игор Здравковски намерно не го споменува барањето на директорот на Гимназијата Иле Попов доставено до МОН со кое бара од министерството да му даде позитивно мислење за формирање на пет паралелки на македонски и две паралелки на албански јазик. Дали пратеникот Игор Здравковски беше лично присутен во Општина Велес за да ги убедува советниците на ДПМНЕ да гласааат за точката на дневен ред, каде ќе им беа дозволени пет паралелки на македонски и две паралелки на албански јазик? Но, според нашите информации после внатрешни несогласувања во советничката група на ДПМНЕ, кога неколку советници немало да ја поддржат одлуката по никоја цена, затоа истите актери го смениле мислењето и почнале да смислуваат тактика, како да обвинат некој друг за настанатата ситуација“, вели Гајдов.

Од велешкиот огранок на СДСМ повикуваат на одговорност од посочените лица за актуалните настани, посебно заради фактот што директорот на Гимназијата лично потпишан, побарал пет паралелки на македонски и две на албански јазик, велат од партијата. Оттаму посочуваат дека градоначалникот Колев и пратеникот Здравковски лажеле си играле со чувствата на родителите, професорите и учениците.

Во продолжение погледнете ја целата прес конеренција на СДСМ:

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: