Манчестер Јунајтед вчера и дефинитивно ја завтори операцијата „Софијан Амрабат“ и го донесе Мароканецот во првиот тим, епилог со кој се стави крај на преговори кои траеја два месеци.
Ерик Тен Хаг на крајот дочека нов деструктивец и тоа беше последната алка која недостасуваше во неговата замисла за новата сезона, па иако впечатоците за Амрабат се навистина позитивни, Рио Фердинанд реши да го предупреди последното летно засилување.
Фердинанд смета дека Софијан треба да ја научи лекцијата од Касемиро, кој лани поради избрзани потези и прегруба игра беше исклучуван од судиите во Англија. Рио го вели ова поради агресивниот пристап во играта на Амрабат, на кого му порача дека во Англија се игра многу побрз фудбал од Италија.
„Сите фудбалери мора да се адаптираат на фудбалот во Англија и ако го направи тоа доволно брзо, ќе биде добро за сите. Треба да знае дека играта во Англија е многу побрза од Италија.
„Тој е играч со големо интернационално искуство и се надевам дека ќе го почувствува моментот кога ќе биде подготвен. Мислам дека треба да ја научи лекцијата од Касемиро, Бразилецот пропушти неколку меча поради наивни исклучувања и тоа треба да му послужи како пример на Амрабат“, вели Фердинанд.
Можеби ќе ве интересира: