Реклама

Превалец ја наполни мрежата на Марена

Marena Prevalec

Нов триумф забележаа фудбалерите на Превалец во подготвителниот период. На гостувањето во Марена тие го совладаа домашниот тим со 2:5, полувреме 1:3. По два пати стрелаа Пеце Стојанов и Живко Ѓорѓиевски, а еден гол постигна Коцевски Гоце.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Од досега покажаното тренерот на Превалец не треба да има голгетерски грижи во новата сезона. На досегашните пет контролни натпревари, фудбалерите на Превалец постигнаа 16 погодоци.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Првенството во Третата фудбалска лига – Центар започнува на 17 септември. Превалец во првото коло е слободен.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40933/veleshaneczot-boris-ristovski-rakometnata-kariera-ja-prodolzhi-vo-franczija/