Поголема сума пари од манифестациите “5-РЕ” и “Рацинови средби” завршиле на сметките на шефот на кабинетот на градоначалникот на Велес Марко Колев и здружение на граѓани, чиј претседател е член на Советот на Општината од редовите на Левица, обвини денеска Општинската организација на СДСМ, повикувајќи се на извештаите за двете манифестации. Од СДСМ прашуваат дали има конфликт на интерес кога вработен во општината и советник кои се платени од народот и гласаат за буџетот, добиваат пари во своите фирми.
“Уште поскандалозно е дека повторно пробаа да ги скријат фактурите за наплатата, но по наше барање фактурите беа откриени. Јавно прашуваме дали шефот на кабинет на градоначалникот Колев смее преку своето книговодствено биро да врши услуги и да наплаќа средства за манифестации кои се поддржани со пари од општина Велес? Дали советникот од Левица кој гласа за истите манифестации да станат дел од програмите на Совет смее да наплаќа 46 000 денари како претседател на здружение на граѓани за организација на рута до Лопушник во рамки на “Рациновите Средби”, велат од СДСМ.
Од СДСМ најавија дека ќе пподнесат барање до антикорупциска, да се утврди дали овие лица, кои работат во Општина Велес и се советници во општина, смеат да наплаќаат средства или пак имаат судир на интереси. Ако антикорупциска одлучи дека имаат судир на интереси, од партијата ќе побараат одговорност .