ЗНМ И ССНМ бараат Александра Андреева – шефицата на кабинетот на градоначалникот Марко Колев, да им се извини на новинарите на Батали.нет за нападите и навредите

ZNM i SSNM logo
ZNM i SSNM logo

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираат на непрофесионалниот и навредливиот однос од страна на Александра Андреева, шеф на кабинет на градоначалникот на општина Велес кон новинарите од онлајн медиумот Батали.нет од Велес.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Нашиот портал и новинарите кои работат во него неколку денови се изложени на напади и навреди на Фејсбук од страна на шефот на кабинет на градоначалникот на Велес, Александра Андреева, по објавената, односно пренесената вест во врска со случајот со албанска паралелка во велешката Гимназија.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

На социјалната мрежа Фејсбук, Андреева во својата објава, порталот Батали.нет го нарекува партал, а новинарите ги обвинува дека се продавале за пари, што предизвика говор на омраза во коментарите под објавата.

„ЗНМ и ССНМ бараат од Андреева како јавен службеник и шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Велес јавно да се извини, а од општина Велес јавно да се огради од постапките кон новинарите и медиумските работници на својот вработен.“

Во меѓувреме, Батали.нет се обрати и до граодначалникот на Велес Марко Колев.

„Како ги коментирате нападите и навредите кон порталот Батали.нет и новинарите од овој портал искажани од шефот на Вашиот кабинет Александра Андреева на нејзиниот фејсбук профил? Дали сметате дека на еден државен службеник, претставник на локалната самоуправа и Ваш близок соработник, му доликува вакво однесување, кое поттикнува говор на омраза во јавноста?“, го прашува порталот градоначалникот Колев.

До објавувањето на овој текст, одговор од градоначалникот немаше. Штом го добиеме, ќе го објавиме.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: