Клубовите во Серија А добија дозвола од италијанската влада да продолжат со тренинзите, иако играчите можат да тренираат само индивидуално.
Но набрзо пристигна информации дека неко во повеќе клубови сеуште владее вирусот.
Новинарот Николо Скира ја објави веста за тоа дека членови на Милан се позитивни на Ковид-19, но не е наведено дали станува збор исклучиво за играчи, или членови на стручниот штаб.
Во текот на вчерашниот ден Торино пријави еден случај на заразен, за потоа Фиорентина да се јави дека има шестмина заболени од кои тројца се играчи, а на крајот капка беше и информацијата од Сампдорија каде беа пријавени четири заразени лица од коронавирус.
По сето ова изгледа дека Серија А тешко ќе продолжи во планираниот рок, односно во текот на јуни, а прашање е и дали воопшто Серија А ќе биде продолжена со оглед на исходот од тестирањата кои ги спроведуваат клубовите.