Во петокот во Ликовниот салон во Велес младиот 21 годишен италијански пијанист Алесио Фалчани отсвири пијано рецитал. Солистички концерт беше во склоп на програмата на Еразмус + проектот “Музика во инклузија” во партнерство со музички училишта од Италија и Франција.
Содржината продолжува под рекламата
Концерт кој долго ќе се памети во Велес. Внимателно избраната програма со дела од романтични автори како Шопен, Шуман, Шуберт, Лист и Рахмањинов на концертот му даде една димензија на безвременост. Пијанистот Алесио поседува голема техничка мајсторија и музикалност коишто на публиката и доближи музика идентично доживеана според стилот и композиторската мајсторија на авторите во оваа пијанистичка програма.
Содржината продолжува под рекламата
Следејќи ги движењата на рацете, умешно контролираните темпа, контролата на педалите и боењето на тоновите со разните динамички колорити на пијаното, Алесио ни претстави како пијаното звучи со “белканто” тон. Во овој одлично избран програм Алесио избира дела кои авторите ги создаваат во своите млади години каде истите се веќе етаблирани пијано изведувачи, на завршниот дел од програмата Алесио преминува во Рускиот романтизам со изведба на Рахмањиновите етиди слики оп.33 каде секоја етида е слика од пејсаж. Публиката со восхит го проследи концертот и со стоечки повеќеминутен аплауз го награди пијанистот, кој подари бис со дело од Росини, стои во рецензијата на м-р Илија Настовски.
Можеби ќе ве интересира: