Продолжува успешната сезона на Кристијан Лазаров. Откако стана шампион на Европскиот куп во кајак спуст на дива вода за 2023 година, и државен првак во категоријата К-2 за јуниори 500 метри, тој денес освои нов златен медал на „Дрински маратон“ кој се одржа во Бајина башта, Србија во категоријата јуниори.
Содржината продолжува под рекламата
Благој Гугинов го свои второто место во категоријата кадети, Љубомир Спасиќ го освои третото место во категоријата сениори сите членови на Кајак Кану клуб Арка-Борец од Велес.
Содржината продолжува под рекламата
За одбележување е и златниот медал на Ангел Станкоски во категоријата рекреативци. На третиот по ред „Дрински маратон“ учествуваа 17 екипи од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија со вкупно 110 натпреварувачи.
Можеби ќе ве интересира: