Трагедија во Кочани: Убиена 46-годишна жена мајка на три деца

Kocani 1

МВР објави дека 46-годишна мајка на три деца утринава во Кочани е убиена со 40 убоди со нож по претходна расправија со 56-годишниот У.Р.  Тој ми беше најголема грешка во животот и се плашам дека ќе ме убие, се жалела убиената 43 годишна кочанчанка, пренесува ТВ Стар.

Zito akcija 640x289px

Т.М. е убиена пред својот дом рано изутрина околу 6.00 ласот. Осомничениот без да се обиде да бега ги дочекал полицајците и се предал без отпор. Неофицијално, жената се подготвувала да оди на работа.

Agria

„Денеска (25.09.2023) во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.“, информира Боби Гидиоски, началникот на СВР Штип.

Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита.

– Утрово околу 6:15 часот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Т.М. при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала. Медицинската екипа што беше повикана, констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на лице место, истакна Душанка Горгиева – Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност.

Можеби ќе ве интересира: